Ќе дојдат ли Иванов и Црвенковски на протестот против Францускиот предлог?

Во делови од јавноста веќе започнаа да се лиферуваат информации дека на вечерашниот протест против најавата на владата дека ќе го прифати францускиот предлог и бугарските барања ќе присуствуваат единствените поранешни двајца живи македонски претседстели Бранко Црвенковски и Ѓорги Иванов.



Засега нема официјална потврда од кабинетите на двајцата екс претседатели дека тие заедно со својот народ ќе бидат пред владата во 19 часот.

И Иванов и Црвенковски во последниве години во повеќе наврати јасно го искажаа својот став против обидите за уништување на македонскиот национален идентитет, македонската нација, историја и јазик.

Двајцата други екс претседатели во независна Македонија Киро Глигоров и Борис Трајковски се починати и за нив може само да се претпостави дека сигурно вечерва би биле со својот народ.

Актуелниот претседател Пендаровски веќе го прогласи францускиот предлог за добар за Македонија.

Последна поврзана вест

Со сиот ризик од одмазда, битка против негирањето на правото да се биде Македонец

Функционерка на СДСМ вечерва пред владата на протест против францускиот предлог (ФОТО)