Ќе добиеме ли тужба – Владата ја прекршила клаузулата за доверливост од договорот со Бехтел и Енка

Признанието на пратеникот Дарко Каевски дека владата со консултира со стратешкиот партнер САД за тоа кои делови од договорот со Бехтел и Енка да бидат достапни за јавноста, е доказ за прекршување на клаузулата за доверливост од страна на владата.



Каевски вчера објави дека владата се консултира што да се објави со амбасадата на СДСМ иако во договорот има клаузула за доверливост која спречува тој да биде споделен со трета страна.

Со оглед на тоа што САД како стратешки партнер не е дел од договорот меѓу владата и Бехтел и Енка, односно таа е трета страна, СДСМ и ДУИ не смееле да го споделат тајниот договор со стратешкиот партнер за кој зборува Каевски.

На прашања на новинарот Чадиковски: Зошто се крие договорот со Бехтел и Енка, Каевски вчера одговори:

,,Договорот не се крие. Во договорот има дел кој што е доверливост. Дополнително се прават анализи, односно институциите прават анализи, КОЈ ДЕЛ, секако со консултации со нашите стратешките партнери, односно изведувачите Бехтел и Енка кој што ќе го реализираат договорот КОЈ ДЕЛ од договорот може да биде објавен пред граѓаните”.

Со тоа Каевски (не)свесно ги инволвираше “стратешките партнери” односно амбасадата на САД во Скопје, и посочи дека Бехтел и Енка и амбасада на Америка ќе одлучат КОЈ ДЕЛ а не цел договор ќе биде објавен во јавност.

Претходно и Премиерот Димитар Ковачевски ја инволвираше амбасадата на САД и ја повика да каже дали има коруптивно однесување при склучување на договорот со Бехтел и Енка.

По изјавата на Каевски приватната компанија Бехтел и Енка сега може да ја тужи владата на СДСМ и ДУИ за прекршување на договорот со негово доставување до стратешки партнер за што Македонија може да плаќа огромни пенали.

Што точно кажа вчера Каевски

СДСМ продолжува да ја инволвира амбасадорката на САД во корупцискиот скандал со Бехтел и Енка