Шоуменот Володимир Зеленски влегува во вториот изборен круг зна претседателските избори во Украина со значителна анкетна предност споредено со неговот противкандидат и актуелен претедтел Петро Порошенко.
Аутсајдерот во политиката, Зеленски може и да победи, а ова ќе значи нов скок во непознато за Украина.
Само „неколкумина“ сериозно го сфатија 41-годишниот актер – кој стана популарен по серијата во која глуми претседател – кога кој на 31 декември ја објави кандидатурата за шеф на државата.
Зеленски победи со голема предност во првиот круг, а предвидувањата сега одат до таму што се смета дека тој ќе освои дури 70 % од гласовите на денешното гласање.
Тоа би било катастрофален пораз за 53-годишниот претседател Петро Порошенко, избран пред пет години по уривањето на прорускиот лидер Јанукович во „револуцијата“ поддржана од Запад на плоштадот „Мајдан“.
„Шансите на актуелниот претседател да победи во вториот круг се во сферата на теоријата и фантазијата“ пишува колумнист на угледен украински весник.
Откако Порошенко презеде власта, Русија го анектираше полуостров Крим, а во источните украински региони избувна војна во која досега има 13 000 жртви.
Независно од ветувањето за прозападниот курс на Украина, идната политика на Зеленски останува нејасна.
Но според аналитичари, веројатната победа на актерот се должи најмногу на недоверба кон „старите“политичари, корупциски скандали, отсуството на реформи, падот на животниот стаандард, сиромаштијата.. .





