Ќе добие ли Агелер тужба, Мерко има црно на бело за немир кога го обвинуваат за корупција

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко кој сега е на црната листа на САД за корупција минатиот месец бил во контакт со психијатарот Изабела Филов затоа што бил обвинет од сограѓанин дека е најкорумпиран, пишува Макфакс.



Психијатарката на девет страници пишува за вознемиреноста, немирот, стресот и притисокот по написот за неговата корумпираност.

Еден месец по психијатриското вештачење за Мерко, стигна одлуката со која тој се најде на т.н. црна листа на САД поради корумпираност. „Макфакс“ го контактирал Мерко со прашања дали одлуката на Стејт департментот со обвинувања за корумпираност влијаела на исти начин како зборовите од сограѓанинот. Мерко, како и претходно, не одговори на пораката.

Струшкиот градоначалник го тужи сограѓанинот Ќоку за клевета и навреда.

Целата сторија на овој ЛИНК