На денешното судење за случајот „Монструм“, еден од родителите на убиените кај Смилковско Езеро повторно повика премиерот Зоран Заев да биде повикан како сведок и Судот да ја обезбеди снимката од Собрание каде Заев, одговарајќи на пратенички прашања, зборува за петкратното убиство во 2012.
Родителот на еден од убиените инсистираше Заев да биде донесен додека е на функција премиер.
„Судија да го повикате Заев да не избега и тој да се бања во некое џакузи како Груевски“, рече еден од родителите, пренесе РСЕ.
Судијата одговори дека кога ќе дојде време за тоа ќе биде побарана снимката и Заев ќе биде повикан како сведок, откако ќе се сослушуваат сведоците.





