Истекува последниот ден за изгласување продолжување на кризната состојба за справување со енергетската криза.



Претседателот на Собранието Талат Џафери повика да се запази рокот за да може кризната состојба да започне од први октомври со цел навремено да се обезбедат енергенсите и за обезбедување топлинска енергија за скопјани пред почетокот на грејната сезона на 15ти октомври.

Предлогот треба да се најде на пленарна седница пред пратениците откако вчера помина во собраниската комисија за одбрана и безбедност, а потоа и во законодавно правната комисија.

По пратеничката дебата предлогот ќе биде ставен на гласање.

Опозицијата најави поддршка иако изминатиот период во долги комисиски дебати бараше одговор од власта за моменталната состојба со енергенсите во земјава и за начините како планира да се справи со овој предизвик.

Кризната состојба би тѕребало да трае до керајот на април…