Ќе бидат уништени 25.000 вакцини Астра Зенека – им истекува рокот

Дел од вакцините против ковид ќе мора да бидат уништени наскоро бидејќи им истекува рокот до крајот на ноември, а не може да бидат потрошени.



Станува збор за вакцините од британско-шведскиот производител АстраЗенека, кои се околу 25.000 на број, а со кои во моментов се врши само ревакцина на граѓани над 60 години.

Дека рокот на вакцините АстраЗенека е при крај, потврдија и од Министерството за здравство за Фактор.