Професорот на Државниот тетовски универзитет, Мухамер Пајазити, на вебстраницата на новинската агенција ИНА чиј главен уредник е образложи зошто Македонците треба да го учат албанскиот јазик и да не го мразат.
„Мнозинството Македонци со години и со векови живеат со Албанците и не сакаат да го научат нивниот јазик. Не само да не го учат, туку и го мразат и отворено му се спротивставуваат.
Само во последните децении тоа е посведочено со многу полициски акции во режија на државните институции.
Насилното затворање на албанските средни училишта во 80-тите, забраната за албанските имиња, одбивањето да се отвори првиот универзитет на албански јазик во Македонија, именувањето улици, плоштади, натписи, соопштенија само на македонски јазик, отсуството на албански во највисокиот правен акт итн.
Со сите овие брутални активности и самите Македонци се оштетени, бидејќи албанскиот јазик не може да исчезне, преживеал многу бури и најмоќните империи 6 илјади години по ред.
Овие методи, оваа негативна енергија и овој скандалозен пристап ги направија Македонците и соседите посиромашни.
Ако го напуштат овој начин на размислување, ќе имаат многу придобивки.
Подолу наведувам само неколку факти зошто албанскиот јазик треба да се изучува и формализира низ целата земја.
Македонците треба да учат албански затоа што:
1. Албанскиот јазик е еден од најстарите јазици во семејството на индоевропски јазици;
2. Ќе можат слободно да комуницираат со своите сограѓани Албанци и да ги елиминираат сите предрасуди и бесмислени стереотипи;
3. Јазичната разновидност е богатство на секоја земја;
4. Ќе можат да имаат пристап до пазарот на трудот во албанските компании во Македонија, Косово, Албанија, Црна Гора и Прешевската Долина;
5. Ќе можат полесно да основаат компании каде било на албанските територии во регионот;
6. Младите истражувачи ќе можат да ја проучуваат и да користат албанска литература:
7. Ќе можат да ги направат патувањата и туризмот полесни и попријатни;
8. Ќе бидат поотворени;
9. Ќе бидат потолерантни;
10. Ќе бидат посреќни“, напиша Пајазити.






