Ќе беше ли спасена Вања ако МВР веднаш ги провереше трите камери пред нејзината зграда (ТВИТ НА ДЕНОТ)

Ќе беше ли спасена малата Вања ако МВР веднаш по пријавата од нејзината мајка ги провереше снимените материјали од трите камери на системот ,,Безбеден град” кои се поставени пред нејзината зграда.



Ова е една од дилемите што постојат во јавноста за случајот со грозоморните убиства.

Твитот на денот открива дека на десетина метри од влезот на зградата каде живееше Вања има три камери кои се поставени на начин на кој со сигурност можело да се види кој и како ја киднапирал Вања на кобниот ден.

Засега видеото од овие камери не го споменува ниту министерот Спасовски нити јавното обвинителство.

Доколку веднаш по пријавата на мајката на Вања полицијата ги проверела камерите пред зградата од системот Сејф Сити (Safe City) постоеле големи шанси девојчето да било спасено соббрз интервенција на полицијата.

И покрај пропустите во истрагата без кои можеби ќе се спасеше Вања СДСМ на МВР и својот кадар Оливер Спасовски им честита успешна акција

За СДСМ МВР спровела успешна акција во случајот со убиството на Вања и Панче