Новинарот Борјан Јовановски објави порака на Твитер за денешните парламентарни избори, во која на две места вели „Македонија“.
Ова не остана незабележано од твитерџиите, кои ја прашуваат неговата внука од сестра Тања Милевска, дописничка на државната новинска агенција МИА од Брисел, дали сега таа ќе побара став од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и за тоа што и вујко ѝ не ја користи географската одредница „Северна“, како што бараше за унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Откако пред четири дена праша на Твитер „има ли некој Унгарец овде да ми каже дали тој (Орбан – н.з.) користи Македонија или Северна Македонија во видеото“, Милевска излезе со нов твит: „Очигледно тој вели само Македонија. Дали Унгарија го признава нашето уставно име, кое е Северна Македонија?“.
На реакцијата под твитот дека „само Македонија вели, не Северна“, Милевска праша: „исто така ЕПП (Европска народна партија)?“, „Мицотакис?“.






