Ќа ја затвори ли Владата границата за српски граѓани ?

Владата сериозно размислувала да ги затвори границите за влез на граѓани од Р. Србија, дознава неофицијално ТВ24



Причина е сериозната епидемиолошка состојба кај северниот сосед.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва треба да соопшти нови ригорозни мерки а медиуми јавуваат дека Белград ќе биде комплетно затворен поради опасното ширење на вирусот.

Вчера во Србија беа направени 8.626 тестови за корона од кои 272 беа позитивни, додека четворица пациенти починаа.

По завршувањето на изборите, Србија прогласи вонредна состојба во неколку града, а најсериозна е состојбата во Нови Пазар, Белград и Крагуевац.