Пет лица загинаа, а шестмина беа спасени откако кит удрил во мал брод, соопштија властите на Нов Зеланд.



Полицијата соопшти дека рибарски брод долг 8,5 метри се превртел во близина на градот Каикур на Јужниот остров и се истражува причината за несреќата.

Градоначалникот на Каикура, Крег Макл, изјави дека водата била целосно мирна во моментот на несреќата и дека се верува дека се појавил кит што се наоѓал под пловилото. Тој рече во тој дел минуваат китови.

Со оглед на бројот на китови кои минуваат низ тој простор, Каикура е популарна дестинација за гледање китови.