Кировски: Не е ЕУ тоа што сме го замислувале

„ЕУ за нас е само илузија за некаква поскаувана цел. Бездруго не е тоа што сме го замислувале.



Да сме оделе напред кон ЕУ ?

Пред скоро 100 години другите југословенски народи ни признаа право на посебност како македонска нација и македонски јазик, и ни овозможија да ги негуваме. И постигнаа заедно со нас цел свет тоа да ни го почитува.

Скоро 100 години потоа, ние „ одиме напред“ кон нешто што не ни го признава идентитетот и јазикот- пишува во објава на Фејсбук, новинарот Атанас Кировски.

Не е само Бугарија, вели Кировски.

„Бугарија е ЕУ, за жал. Ако ЕУ нема капацитет да се избори со ваков ретрограден шовинизам во своите редови, и условува ние да им ги правиме кефовите на шовинистите за да воопшто почнеме да разговараме со нив за прием, за какви тоа европски вредности се залагаме? ЕУ со сите сили работи на европскептицизам на Западен Балкан со ваква политика.

Но тоа е нивни проблем. Наш проблем е да си го зачуваме достоинството“!