Под силно полициско обезбедување битолската печатница „Киро Дандаро“ почна со испорака на 4,5 милиони гласачки ливчиња, изводи од избирачките списоци и друг доверлив избирачки материјал, до 80 општински изборни комисии и Градот Скопје.
За ниво печатење се потрошени 60 тони хартија.
Според најавите на Државната изборна комисија (ДИК) во текот на денот материјалот ќе биде доставен до сите 80 општински изборни комисии и Градот Скопје.







