Професорот Атанас Кирјаковски реагира на информацијата од Министертвото за образование и наука кое ги менува боите во новите материјали за учениците од прво и четврто одделение.
Наместо за реформи Кирјаковски зборува за “Деформи” во образованието.
“Законот за учебници го повлекоа, но си тераат со деформите: сега работеле на нови материјали за учење и „илустрации“ кои ќе биле со „попастелни и силни бои“ зошто на дизајнерот кој го ангажирале му се чинело дека тоа децата сакале. Нулта когнитивна наука”, вели Кирјаковски за новите активности на министерката Царовска.
Професорот по психологија и когнитивни науки смета дека се работи за буквално беззаконие и диктатура.
“Неверојатно е со која дрскост, самобендисаност и ароганција упорно продолжуваат со егзибициите во образованието дури и по повлекувањето на законот. НУЛА јавна дебата, НУЛА наука во креирањето на наставните содржини”, вели Кирјаковски.
Причината за неговата реакција






