Професорот по психологија и когнитивни науки Атанас Кирјаковски за неодамна објавената книга „За македонските работи“ на претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, Љупчо Коцарев:
„За македонските работи“ на Коцарев е збирка од есеи, обраќања, беседи и слова, во кои академикот со критичка опсервација ги анализира македонските состојби. Книгата е составена од четири дела – „Македонскиот дел од пеколот и од рајот: како понатаму?“, „Предизвици во науката“ ,„Интервјуа“ и „Македонскиот манифест“.
Во издание на „Матица македонска“, најновото дело на првиот човек на МАНУ може да се најде во нејзината книжарница во Скопје или онлајн по цена од 315 денари.






