Очекуваната експлозија на цените по укинувањето на владините антикризни мерки, навестена со драстичното поскапување на горивата и непрегледните колони пред бензинските станици, изнуди реакција од професорот по психологија и когнитивни науки Атанас Кирјаковски.
За тоа ја искористи „славната“ порака од Ивана Богоева, сопруга на тогашниот градоначалник на Карпош од СДСМ, Стефан Богоев, која по неуспешниот референдум од 30 септември 2018 година на Фејсбук напиша: „Сега името нека ви ги рани децата, нека ве шета и нека ви ги плаќа сметките“.
Споредувајќи го времето кога македонската држава сè уште се викаше Република Македонија и ова сега, Кирјаковски на Твитер прокоментира:






