Македонскиот активист од Бугарија, Атанас Кирјаков, му реплицира на бугарскиот пратеник Тома Биков, според кој „крајно време и во Македонија да му дадат можност на самиот Гоце Делчев да се самоопредели, а не некој да го определува спротивно на неговите зборови“.
„Вие, господине Тома Биков, вие бугарската држава денес на нас ЖИВИТЕ Македонци во Пиринскиот дел на Македонија и на Македонците во Бугарија не ни дозволувате и не ни давате право да се самоопределиме како МАКЕДОНЦИ, па што останува за мртвите да се самоопределуваат“, реагира Кирјаков под објавата на Фејсбук-профилот на expres.mk за интервјуто на Биков за бугарската агенција Фокус.
Кирјаков е еден од основачите на Обединетата македонска организација „Пирин“, а на локалните избори минатата есен беше кандидат за градоначалник на Благоевград, каде што живее.





