Македонскиот активист од Бугарија, Атанас Кирјаков-Војводата, го осуди бугарското вето за почеток на преговори на Македонија за членство во Европската унија, нарекувајќи го омраза.
„Македонија, Македонец, Македонка,
македонизмот е светлина,
ветото е рамно на омраза“, порача еден од основачите на Обединетата македонска организација „Илинден“.
Кирјаков кој директно му се обрати на бугарскиот премиер Кирил Петков при неговата посета на Благоевград минатиот четврток со зборовите: „Господине премиер, кога ќе ги признаете Македонците во Бугарија? 14 пати ја осудивме Бугарија во Стразбур и пак немаме своја организација“.
„’Махај се бе, ти не си за тук’ (Бегај бе, ти не си за тука)“, му се развикаа присутните новинари на плоштадот „Македонија“, а Петков му одговори „ќе ве видам подоцна“ и не го исполни ветувањето.






