Македонскиот активист од Благоевград, Атанас Кирјаков-Војводата, со јавно обраќање до бугарскиот претседател Румен Радев за неговите ставови за надминување на спорот со Македонија и одблокирање на нејзината евроинтеграција сопрена со ветото од Софија.



„Господине Радев, каде се правата на етничките Македонци и Македонки во Пиринска Македонија и во Бугарија?

Од 1990 година до денес Судот во Стразбур 14 пати ја осуди Бугарија за кршење на човековите права на етничките Македонци и Македонки во Бугарија. Кога бугарскиот суд ќе ги регистрира македонските здруженија и организации во Бугарија? Зошто Бугарија не ги почитува пресудите изречени од Европскиот суд во Стразбур? Дали Бугарија е европска или азиска земја?“, го прашува на Фејсбук шефот на бугарската држава еден од основачите на Обединетата македонска организација „Пирин“.