Македонскиот активист од Благоевград, Атанас Кирјаков-Војводата, му реплицира на поранешниот бугарски министер за надворешни работи и кандидат на ГЕРБ-СДС за претстојните избори, Даниел Митов, кој ѝ сугерира на Македонија со нота до ООН да декларира дека нема територијални и малцински претензии кон Бугарија.
„Бугариja да ја почитува последната Резолуциja на ЕУ и бугарскиот суд во рок до 01.06.2021 година да ги регистрира сите македонски здружениja и македонски организации во Бугариja. Во спротивно, ќе следуваат определени санкции од ЕУ кон Бугариja“, му порача на Митов еден од основачите на Обединетата македонска организација „Илинден“ под објавата на Фејсбук-профилот на expres.mk.






