Со 155 до 163 пратенички места што би можела да ги освои најголемата опозициска партија на исзборите на 7 јули, за очекување е дека Неа демократија на лидерот Кирјакос Мицотакис сам, без коалициони партнери, да ја формира идната грчка влада.
Со предност на Неа демократија од 32,3% наспроти 24,7% за сега владејачката СИРИЗА, многу е веројатно опозициската на Мицотакис да обезбеди (многу) повеќе од потребните 151 во 300 члениот грчки парламент.
Ова би било прв пат по 2009-та година една партија да може сама да формира влада, пишува „Та Неа“.
Не е јасно уште колку партии ќе успеат да го минат изборниот праг, но извесно е дека Движењето за промени со 6.9%, Комунистичка партија со 4,3%, националистичката Златна зора со 3,2% и евентуално таканареченото Грчко решение со маргинални 3,1% ќе влезат во идниот парламентарен состав.
Истражувањето на агенцијата за рејтинг ΜRB за весникот „Та неа“ било спроведено од 24 до 26 јуни, а биле анкетирани 1014 лица.





