Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски во утринската емисија на Телма рече дека власта покажала слабост во три сегменти со менаџирањето на актуелната криза – енергетиката, капиталните инвестиции и задолжувањето.
„Не се менаџира кризата во делот на енергенсите. Наши производни капацитети, еве РЕК Боитола беше оставена без јаглен. Тука се креираат услови наместо да имаме домашна цена по 60 евра, ја увезуваме за 200 евра по киловат. Вториот сегмент е делот на капитални инвестиции. Сите главни коридори се во застој. Не постои контрола на ресурсите кои биле за тоа наменети Се најавува една евробврзница, па од ММФ се бара една милијарда, па сега дополнителна еврообврзница од 600 милиони евра. Тука значи дека нешто не е во ред“, рече Миноски во студиото.
Поранешниот владин функционер смета дека власта треба војната во Украина да ја сврти во своја корист со поагресивно привлекување на странските инвеститори.
„Соседна Србија има агресивна кампања во привлекување на дел од овие бизниси. Во овој сегмент македонската влада смирува со „мирно море“, меѓутоа нас ни е неопходен еден поагресивен пристап во привлекувањето на странските инвеститори од Украина и префрлање на нивните капацитети во Макеодонија“, смета тој.






