Пратеникот на СДСМ и поранешен генерален секретар на владејачката партија, Александар Кирацовски, по денешната изјава за „Рекет“ во Обвинителството рече дека никогаш не бил дел од структурите на Меѓународниот сојуз и дека не бил посредник на првоосомничениот Бојан Јовановски во проектот за изградба на старски домови.
„Како политичари комуницираме со многу личности, но тоа не им дава право тие да прават криминал. Од нас многумина бараат да се фотографираат и се надевам многумина тоа не го злоупотребуваат. Сликањето не е злодело“, изјави Кирацовски, кој потенцираше дека само еднаш се сликал со Боки 13.
За денешната покана да даде исказ, Кирацовски вели дека бил повикан како сведок кој располага со информации за одредени настани.
„Јас сум повикан за еден мал сегмент. Тоа со Камчев, Кичеец, Катица не се дискутираше со мене. Ниту ги знам ниту ги познавам“ – рече Кирацовски.




