Претнникот Александар Кирацовски кој пред два дена ја повика јавноста да престане да се знимава со случајот „Рекет“ денеска на Фејсбук со изненадувачки спротивен ста.: Ако од собраниска говорница прекоруваше „Дај престанете еднаш веќе со таа афера. „Рекет“ па „Рекет“! “, Кирацовски сега го советува Обвинителството да ги повика на распит сите кои имаат макар и една заедничка слика со некој од обвинетите во Рекет.



„Не смее да остави дамка врз процесот оставајќи разно-разни шпекулации да кружат во јавноста, независно дали се политичка реторика или чаршиски муабети.

Пример, тоа може да го стори единствено ако го повика секој (политичар), кој има макар и една слика со било кој од обвинетите, да го провери контекстот и да ги расчисти дилемите во јавноста.

Можеби е илузорно и непотребно, но ќе го намали просторот за инсинуации и неосновани сомнежи“, советува Кирацовски.

https://www.facebook.com/aleksandar.kiracovski/posts/1207068269491922