Кипар: Во „духовен карантин“12 свештеници – одбиле да се вакцинираат

Од денеска 12 свештеници на Кипар се отстранети од црковната служба и испратени на задолжителен тримесечен „одмор“, откако одбија да се вакцинираат.



Одлуката ја донел кипарскиот архиепископ Хрисостом II кој го исполни предупредувањето за остра акција против невакцинираните свештеници. Така, 12 свештеници се најдоа во „духовен карантин“.

Тие ќе се соочат со последиците, бидејќи не само што не го послушале поглаварот на Црквата да се вакцинира, туку и ги убедувале верниците да ги следат.