Денеска во Кипар започнува вакцинирање со петтата доза од вакцината против коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.
Одлуката за новата бустер доза е донесена врз основа на препораките на Националната советодавна комисија за вакцинација во контекст на напорите за зајакнување на имунитетот на населението, соопшти Министерството за здравство.
Петтата вакцина по ред се препорачува на лица над 30 години, на оние кои живеат и работат во социјални домови и затворени објекти, на здравствените работници без разлика на возраста, како и на заболените од голем број хронични заболувања.






