Кино „Милениум” во ГТЦ седум месеци без проектор – стариот не се поправа, за нов не се дава пари

Седум месеци скопското кино Милениум функционира без дигиталниот ДЦП проектор купен во 2012, а Градот Скопје не одговара зошто не се купува нов од 3 милиони денари (50 илјади евра). Стариот веќе не може ни да се поправа, нема делови за него, оти веќе не се произведуваат такви модели.



Маргарита Арсова, уредничка на филмската програма во Младинскиот културен центар (МКЦ), во чија надлежност е киното, вели дека киното е во ужасна состојба, речиси непоправлива. Киното моментално работи со проектор кој го купиле за проекции под отворено небо, дигитален обичен проектор од кој пуштаат репертоар со исти филмови веќе 6 месеци.

„Ги пропуштивме најголемите блокбастери и македонски премиери, бидејќи немаме соодветни услови за прикажување на тие наслови. Ова е главниот проблем. Тука е и контиунирано прокиснување на кровот, во август 2022 киното се поплави целосно, не работеше 2 недели додека се санира. Секако, ентериерните амортизации, тоалетите се веќе пред исклучување, една тажна, непреболена атмосфера“, вели Арсова.

Во Милениум се пуштаат филмови од локални дистрибутери на формат кој тотално не е соодветен за таков вид киносала, само колку да се одржи кинорепертоарот на некаков минимум и, како што вели Арсова, да не дозволат да се затвори киното и да биде уште една тажна скопска приказна претворена во казино.

„Тоа е единствената причина зошто имаме таков кинорепертоар каков што нудиме моментално. И секако, за да не ја разочараме најмладата публика, бидејќи токму нивните роденденски прослави зависат од проекциите на детската програма“, додава таа.

Целиот текст на слесниот линк: