Кинеска што не знае македонски ја пее „Се навали Шар Планина“ (ВИДЕО)

Две групи македонски туристи се во посета на Лисабон.



Случајно се среќаваат во локал каде што се изведува традиционална португалска музика фадо.

Откако слушаат дека зборуваат македонски јазик, се здружуваат и ја минуваат вечерта заедно.

На другата маса седат група Кинески, од која едната вели дека јазикот ѝ е познат и дека знае песна на за неа непознатиот јазик.

Македонките ја замолуваат да запее и сфаќаат дека песната која Кинеската ја научила како член на кинеска фолклорна група.

Песната која што ја пее е „Се навали Шар Планина“.

Видеото на следниот линк:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2526778410926902&id=1915590235379059&sfnsn=mo&d=n&vh=e