Медицинска опрема и кинески медицински експерти вечерва, окиолу 20 часот, се очекуваат да пристигнат во Белград со најголемиот авион на Ер Србија „Ербас А330“.



Пред полетувањето, кинеските лекари се сликале со екипажот на летот и српското знаме.

Претходно, кинескиот претседател Си Џипинг испрати писмо до српскиот претседател Александар Вучиќ, во кое изразува поддршка за Србија, медицинска помош, но и помош во луѓе, односно медицински тим. 

Кина е меѓу првите земји што испратиле помош во експерти и опрема и во Италија.