Претседателите на САД и Кина Џо Бајден и Си Џинпинг, имале телефонски разговор во кој кинескиот лидер Си го предфупреди Бајден дека неговата политика околу Тајван е опасна и дека на крајот ќе му се врати на Вашингтон како бумеранг.
Бајден му рече на кинескиот колега дека САД силно се спротивставуваат на какви било еднострани чекори за промена на статусот на Тајван и додаде дека американската политика кон Тајван не е променета, пренесе Би-би-Си
Кинескиот претседател му рекол на Бајден да го почитува принципот на „една Кина“:
„Оној кој си игра со оган сигурно ќе се изгори“, му кажал Си на Бајден.
Најновиот спор на Вашингтон и Пекинг се однесува на можната посета на претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД Ненси Пелоси на Тајван, островот кој добива неформална одбранбена поддршка од САД, а кој Кина го смета за дел од својата територија.
Пекинг соопшти дека евентуалната посета на Пелоси ќе ја смета за провокација и најави „силен одговор“. Пелоси би била највисокиот американски функционер кој го посетил Тајван од 1997 година,
„Шефовите на државите имаа детална комуникација и размена на мислења за односите на Кина и САД и прашањата од заеднички интерес“, јави агенцијата. Телефонскиот разговор траел 2,5 часа и ги опфатил темите од Тајван до тековните трговски спорови меѓу двете најголеми светски економии.







