Кинески град забрани јадење кучиња и мачки

Големиот кинески град Шенжен забрани јадење кучиња и мачки Како мерка зџа сузбивање на трговијата со животни поради пандемијата на коронавирусот, кинескиот град Шенжен забрани јадење кушиња и мачки.



„Кучињата и мачките како домашни миленици воспоставија многу поблизок однос со луѓето од другите животни, а забраната за јадење на кучиња и мачки, а и на други домашни миленици е воспоставена практика во развиените земји, во Хонг Конг и на Тајван“, стои во уредбата на градските власти објавена вчера.

Некои научници се сомневаат дека коронавирусот се пренесол од животни на луѓе. Меѓу првите заразени луѓе беа на пазарот за животни во Вухан, најпогодениот град во Кина со вирусот.