На церемонијата во Амбасадата на Република Македонија во Кина за градот Прилеп од збратимениот град Дејанг, беа донирани 200 заштитни одела.



На церемонијата присустуваше конзулот Весна Андреевска и претставникот на градот Дејанг во Пекинг, Џао Ке.

„Во овие тешки времиња, од името на локалната Влада на Дјанг и на четирите милиони жители ви испраќаме поддршка на вас и вашиот народ. Ние обезбедивме дел од потребните материјали за донација за нашите пријатели во Прилеп, придонесувајќи во вашата борба против пандемијата. Во овој момент ние цврсто стоиме заедно со вас и вашите напори да се справите со ситуацијата“, се наведува во писмото на градоначалникот на Дејанг, Хе Ли.