Кинеската влада ни го вратила авансот за Ковид-19 вакцината

Кинеската државна компанија „Синофарм“ го вратила авансот добиен од македонските власти за испорака на вакцините против Ковид19.



Кина и ги врати парите на Македонија за вакцината на Синофарм, потврдиле од министерството за здравство за Канал 5. Од таму тврдат дека и покрај вратениот аванс нема откажување на одговорот.

Со тоа се потврди ставот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ која вчера објави дека имаат информации дека е вратен авансот кој владата го платила до кинеската фирма.

Во внатрешната и меѓународната трговија враќање на аванс најчесто значи дека пропаѓа предходниот договор за набавка.

Целата информација на Канал 5