„Невозможно е овој вирус да дошол од нас“, изјави Јауанг Џиминг, директорот на Институтот за вирологија во Вухан, епицентарот од каде почна пандемијата на коронавирус во интервју за државната телевизија ЦГТН.
Повеќето научници веруваат дека Квирусот што го доби името Ковид-19 најверојатно бил пренесен на луѓето од живи диви животни кои се продавале на пазарот во Вухан.
Сепак, присуството на тој Институтот на само неколку километри оддалечени од пазаротдоведе до шпекулации дека вирусот можеби протекол од некоја од лабораториите на Институтот. каде се чуваат некои од најпознатите вируси – како што е на пример вирусот на ебола.
Според „Вашингтон пост“, американската амбасада во Пекинг, по повеќекратни посети на Институтот, во 2018 година ги предупредила американските власти за наводно недоволни безбедносни мерки во лабораторија за проучување на видови коронавируси добиени од лилјаци.





