Кина: Забраната за увоз на руска нафта во САД „нема меѓународна правна основа“

Акцијата на НАТО предводена од САД ги подигна тензиите меѓу Русија и Украина до „точка на прекршување“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијанг, цитиран од Ројтерс.



Тој ги повика САД сериозно да ја сфатат загриженоста на Кина и да избегнуваат поткопување на нејзините права или интереси во решавањето на прашањето за Украина и нејзините односи со Русија.

Жао Лиџијан нагласи дека забраната за увоз на руска нафта воведена од САД „нема меѓународна правна основа“.

Кина и понатаму силно се противи на „едностраните санкции“, бидејќи таквите мерки нема да донесат мир и безбедност, предупреди тој на брифингот.

Според Жао, ваквите активности само ќе доведат до сериозни проблеми за економијата и квалитетот на животот во засегнатите земји.

Во такво сценарио сите ќе загубат, рече тој, додавајќи дека Кина и Русија продолжуваат со стабилната соработка во енергетскиот сектор.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера воведе ембарго за увоз на нафта, течен природен гас и јаглен од Русија.

Според глобалната база на податоци за мониторинг на санкции Castellum.ai, Русија е веќе најсанкционираната земја во светот за војната со Украина.