Стотина села во североисточната кинеска провинција Џилин како и 8.000 луѓе во градот Шулан се во карантин по појавата на ново жариште на коронавирус, објавија кинеските власти.
Вирусот почна повторно да се појавува кога земјата почна повторно да се отвора овој месец.
Во Шулан минатата недела воспоставен е воен режим, а на тоа подрачје се испратени здравствени работници и инспекциски тимови, пренесе Си-ен-ен.





