Кина: Под карантиин ставен град од 9 милиони жители

Новата драстична мерка доаѓа откако денеска беа регистрирани повеќе од 4.000 нови случаи на коронавирус, што ја доведува во прашање стратегијата на земјата за „нула Ковид-19“.



Кинеските здравствени власти пријавија 4.770 нови случаи на национално ниво, повеќето од нив во североисточната провинција Џилин.

Градот Шенјанг во соседната провинција Лиаонинг вчера беше ставен во карантин.

Во последниве месеци, Кина презеде драстични мерки во присуство на епидемии на заразени, наметнувајќи делумни заклучувања, масовни тестирања и карантин во цели градови.

Два смртни случаи беа пријавени во саботата, прв по повеќе од една година.