Кинеските власти објавија дека ќе им дозволат на брачните парови да имаат најмногу три деца, со што се укинува правилото според кое на Кинезите им беше дозволено да имаат најмногу две.



Според новинската агенција Синхуа, оваа промена е одобрена од претседателот Си Џипинг на состанокот на Политбирото, пренесува Би-Би-Си.

Според светските медиуми, оваа одлука доаѓа по податоците дека Кина има најмал раст на населението во последните децении

Според извештајот објавен на почетокот на мај, тој покажал дека минатата година се родиле околу 12 милиони бебиња, што е за шест милиони помалку отколку во 2016 година, а ова се најниските бројки од 60-тите години на минатиот век.