Тоа е случај кој може дополнително да ги влоши комплицираните односи меѓу Пекинг и Вашингтон, пишува Си-Ен-Ен.



Обвинетиот Џон Шинг-Ван Леунг, кој е постојан жител на Хонг Конг, беше приведен на 15 април 2021 година од локалното биро на кинеската контраразузнавачка агенција во градот Сужоу. Судот му го конфискуваше личниот имот на обвинетиот вреден 500.000 јуани (71.797 долари).

Кинеските власти и државните медиуми досега не открија информации за притворањето на Леунг или судењето што доведе до негово осудување. Во Кина, случаите кои вклучуваат државна безбедност обично се слушаат зад затворени врати.

Американската амбасада во Пекинг во понеделникот соопшти дека е запознаена со извештаите за казната на Леунг

Ваквите истраги и судења се одржуваат зад затворени врати и обично се најавуваат само општи обвиненија за инфилтрација, собирање тајни и загрозување на државната безбедност.