Кина соопшти дека се противи на исклучувањето на Русија од претстојниот самит на Г-20, пренесе АФП.
Г-20 е главен форум за меѓународна економска соработка, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин. Тој рече дека Русија е важна членка на Г20 и дека ниту една земја-членка нема право да тера друга.
Рускиот претседател Владимир Путин има намера да присуствува на самитот на Г20 кој треба да се одржи во втортата половина од оваа година.
Кина го обвини НАТО дека го поттикнува конфликтот „Русија-Украина“ меѓу Русија и Украина и соопшти дека силно се противи на „унилатералните санкции“, бидејќи таквите мерки нема да донесат мир и безбедност, туку ќе доведат до сериозни проблеми за економијата и квалитетот на животот во засегнатите земји.
Пекинг одбива да се приклучи на финансиските санкции наметнати на Русија од страна на Соединетите Американски Држави и европските влади, но кина одби да ѝ испорача на Русија резервни делови за авиони…







