Кина ги отфрли барањата за спроведување независна меѓународна истрага за потеклото на коронавирус кој се прошири низ светот од таа земја.
„Тоа е политички мотивирана иницијатива. Мислам дека никој не може да се согласи со тоа. Никому не би му било добро“, рече кинескиот дипломат Чен Вен изјави за Би-би-си.
Чен изјави дека има многу гласини за потеклото на коронавирусот и рече дека таквите дезинформации се опасни.
Речиси од избувнувањето на епидемијата, има повици да им се дозволи на меѓународните иследници да влезат во Кина за да утврдат како заспочнала епидемијата со коронавирус.
Информациите за потеклото на новиот вирус и за тоа како се шири би можеле да им помогнат на земјите кои се борат со Ковид-19, пренесува Би-Би-Си.




