Портпарол на Информативното биро на кинескиот државен совет изјави дека Кина не може да вети дека нема да употреби воена сила за повторно обединување на Тајван со копното изјави Ма Ксијаогуан, пренесува ТАСС.
„Не ветуваме дека ќе се воздржиме од употреба на воена сила. Кина го задржува правото да ги избере сите средства неопходни за конечно обединување со Тајван“, истакна тој на прес-конференција.
Во исто време, Ма посочи дека Пекинг е посветен на мирно обединување со островот и ќе се придржува до принципот „една земја, два системи“.
Позицијата на Кина за Тајван е јасна и останува непроменета, рече тој категорично.






