Соединетите Држави го влошија конфликтот меѓу Русија и Украина со достава на оружје за Киев, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунин.
„Ако Соединетите Американски Држави останеа на уверувањата дека ќе се воздржат од проширувањето на НАТО и на ветувањата дека Алијансата нема да ја прифати Украина и не ‘потпалуваат’ пожар со снабдување со оружје и муниција за Киев, ситуацијата ќе беше многу поинаква“, напиша таа на Твитер.
Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи беше категорична дека на Украинците треба да им се даде „мир и безбедност“, а не огнено оружје.
Подоцна денеска се очекува американскиот претседател Џо Бајден да разговара со кинескиот лидер Си Џинпинг за конфликтот во Украина.






