Кина и со сила може да го „обедини“ Тајван

Кина го задржува правото да употреби сила против Тајван како последно средство во итни околности, иако мирното обединување е нејзиниот прв избор. Ова го изјави портпаролот на кинеската комунистичка партија, цитиран од „Ројтерс“.



Обединувањето на Кина и Тајван е во интерес на сите, вклучително и на нашите тајвански сонародници, рече Сун Јели на прес-конференција во Пекинг.

Тајван живее под постојана закана од инвазија на Кина, која тврди дека островот со демократски владеење е дел од нејзината територија и мора да биде преземен – со сила ако е потребно.
Кина учи од војната во Украина, загрижен Тајван

Во 2005 година, Пекинг усвои закон со кој земјата има правна основа да преземе воена акција против островот доколку се отцепи или има намера да го стори тоа.

Сепак, Тајван ги отфрла тврдењата на Кина и нагласува дека само жителите на островот можат да одлучат за нивната иднина.

Тензиите меѓу Пекинг и Тајпеј се зголемија откако претседателката на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси го посети островот во август.