Русија и Кина се префрлаат на плаќање во национални валути за снабдување со енергија, најави вицепремиерот на Русија, Александар Новак.



„За испорачаните енергетски ресурси, се префрламе на пресметки во национални валути, рубли и во јуни. На пример, плаќањето за испорачаниот гас меѓу Гаспром и Кина се врши на паритетна основа во рубли и јуани“, изјави Новак за телевизијата „Русија 24“.

Како што додаде тој, Русија и Кина активно се префрлаат на плаќање во национални валути за испорака на нафта и нафтени деривати.

Tрговскиот промет меѓу двете земји во енергетскиот сектор е значително зголемен – за 64 проценти изразен во пари и за 10 проценти во физички обем. .

Новак најави дека Русија и Кина наскоро треба да потпишат меѓувладин договор за испорака на дополнителни 10 милијарди кубни метри гас за Кина преку далечната источна рута. Земјите ги продолжуваат и преговорите за реализација на проектот за испорака на гас преку гасоводот Моќ на Сибир 2.