Во Кина официјално започна изградбата на новиот стадион кој ќе биде втор по големина фудбалски стадион на светот.



Арената во градот Гуангжу, ќе биде завршена до крајот на 2022 година. Дизајнот е во форма на лотос, бидејќи Гуангжу е познат како „Град на цвеќето“.

Спортскиот објект ќе има капацитет од 100.000 места, што барем за некое време ќе го надмине и оној на „Камп Ноу“ во Барселона (99 354). Шпанскиот колос планира да се прошири на 105.000 места.

Инаку број 1 во светот по број на места е стадионот „1 мај“ во Пјонганг – 114.000 пренесе МИА.