Во изминатите 24 часа во провинцијата Хубеи, Кина, вклучувајќи го и градот Вухан, каде за прв пат е откриен КОВИД-19, нема нови случаи на коронавирус соопштија кинеските власти.
Овој успех е поради воведените невидени мерки во јануари, во обид да го спречат ширењето на вирусот, вклучително и суспендирањето на сите патувања во и надвор од сите градови во провинцијата Хубеи и спречување на 59 милиони луѓе во покраината да излезат од дома, пренесува Радио Слободна Европа.
Извештајот за нула случаи е најсилна индикација дека сепак ваквите екстремни мерки можат да помогнат во борбата против вирусот.





