За првпат од 1950 година, како што се проценува, Кина не е на првото место по бројот на жители.
Според проценките на Обединетите нации, сега Индија е земјата со најголем број жители на планетата: 1,425 милијарди.
Меѓутоа, не се толкува секаде како знак за растот на значењето на Индија како светска сила. Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Венг Венбин изјави, на пример, дека Индија сега има повеќе луѓе, но дека Кина сè уште има „повеќе талент“.






