Кинеските власти ги повикаа сите амбасади во земјата да ги тргнат знамињата на Украина и плакатите за нејзина поддршка, пренесува јапонската новинска агенција Кјодо.
Голем број амбасади во Пекинг поставија табли со аплицирано знаме на Украина и натписи на кинески и на англиски јазик со хаштаг #StandWithUkraine
Кинеското Министерство за надворешни работи побара од дипломатските претставништва да не ги користат надворешните ѕидови на нивните згради за пропаганда и „да се избегнат конфликти меѓу земјите“.
НР Кина, исто така, вели дека амбасадите и меѓународните организации се „должни да ги почитуваат кинеските закони и прописи“, иако Пекинг го почитува дипломатскиот имунитет.






